ТЕХНОКЛИМА

ЗА КОМПАНИЈАТА

 

Doc2 page 001

ТЕХНОКЛИМА Скопје, своето постоење го бележи во 2000-тата година, меѓу една од првите фирми што сериозно и амбициозно го освојуваат пазарот со уреди и системи од областа на централната климатизација и вентилација.

Почетоците, скромни и сигурни, не случајно беа забележани од задоволните корисници на уредите и услугите, притоа трасирајќи го патот на квалитетот, навремените изведби и брзите сервисни интервенции.

Континуирано и систематски ги следи крупните чекори што ги прави современието во областа на климатизацијата и вентилацијата, притоа претставувајќи ги и применувајќи ги трендовите на европските и светските фирми кои секојдневно го освојуваат пазарот. Со имплементирањето на нивните производи во објекти кои што ги проектира и изведува, Техноклима може успешно да одговори на се посложените барања од страна на инвеститорите.

 

ВИЗИЈА: 

         Врвната технологија, знаење и искуство во областа на инженерството, продажбата и одржувањето на опремата за климатизација, вентилација, греење и ладење се нашите елементи за исполнување на барањата на клиентите.

Се стремиме се што работиме да биде најдобро при тоа задоволувајќи ги нашите човечки потенцијали да создадеме и да одржиме висок квалитет со постојано унапредување на тоа што го работиме.

Посветени сме на јакнење на окружување кое промовира:

  • Индивидуална креативност;
  • Тимско работење, меѓусебно почитување и доверба меѓу вработените;
  • Учење и постојано унапредување;
  • Подигнување на нивото на развиеност.

МИСИЈА: 

Компанија што на пазарот ќе нуди високо квалитетни производи според светски стандарди. Притоа ќе бидат задоволени барањата на клиентите, со цел добивање на квалитетно и ефикасно решение од областа на климатизација (ладење и греење) и вентилација, а на сето тоа нашата компанија ќе профитира заедно со нашите клиенти.

ЦЕЛ: 

      Да ги задоволиме потребите на нашите клиенти со меѓусебна самодоверба и соработка.

  Подобрување на квалитетот на услугите и обезбедување на производи со висок квалитет и стандард.

Можете  да  сметате  на  нас - разликата  е  во  квалитетот !