Изберете јазик

Albanian English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ВОЗДУШНИ ЗАВЕСИ - OLEFINI

OLEFINI

 

Климатските услови во Македонија доведоа до масовна климатизација на деловните простории, месарници, пиљарници, бутици за текстил, кафулиња итн.

Во голем број од нив процесот на работа е таков што бара влезната врата на локалот да биде отворена поголем дел од работното време. Ваквото барање е во контрадикторност со барањето локалот да биде загреан или оладен во зависност од годишното време. Отворената врата доведува до голема загуба на енергија, нерационално зголемување на снагата на уредите за греење и ладење и конечно неудобно чувство на луѓето заради лошиот градиент на температурната распределба.

Со употребата на воздушните завеси се елиминираат горенаведените недостатоци на климатизацијата на деловните простории. Стручниот тим на Техноклима анализирајќи ги производствените програми на повеќе светски производители на воздушни завеси се реши да ви го претстави производниот програм на компанијата “OLEFINI”.

“OLEFINI” воздушните завеси се релативно долги вентилатори, произведени на начин да дадат тенок долг воздушен млаз со голема брзина. Тие се монтираат директно над отворените врати и формираат невидлива бариера која ги оневозможува топлинските губитоци и ја спречува размената на воздух помеѓу двата простори кои се одделени со воздушна завеса.

Предности:

Завесите го штитат нашиот простор од надворешниот ладе, топол или гнасен воздух со што ни овозможуваат удобна и чиста околина, воедно штедејќ енергија.

Тие го штитат нашиот простор од инсекти, прашина, бактерии, издувни гасови и многу други непожелни мирисни честички или микроорганизми.

Завесите “OLEFINI” можат да се поделат на типови според нивната намена како што е прикажано на долната табела.

 

 

Дијаметар

на вентилаторот

Макс.висина на вратта (m)

Макс.брзина

на воздухот(m/s)

Примена

КОМЕРЦИЈАЛНИ

100

2,5

10

Мали продавници

ОПШТА НАМЕНА

120

4

14

Поголеми продавн

ИНДУСТРИСКИ

130

5-6

15-16

Фабрики

 

Комерцијалните воздушни завеси наоѓат примена во:

  • Мали продавници;
  • Fast Food;
  • Златарници;
  • Аптеки;
  • Лаборатории;
  • Фризерници;

Воздушни завеси за општа намена наоѓат примена во:

  • Поголеми продавници;
  • Поголеми ресторани;
  • Аеродроми;
  • Автоматски врати;
  • Ладилници;

Индустриските воздушни завеси наоѓат примена во:

  • Фабрики;
  • Гаражи;
  • Ладилници;
  • Стоковни куќи;
  • Магацини;

 

Накрај вредно е да се спомене дека сите типови на воздушни завеси OLEFINI, нивното производство и компонентите се потврдени со сертификат за квалитет BVQI према стандардот ISO 9001:2008.

Технички карактеристики