Изберете јазик

Albanian English French German Italian Portuguese Russian Spanish

VRF СИСТЕМИ

Позади името Hitachi стои долга и богата традиција која на своите клиенти им овозможува иновативни и технолошки усовршени производи.

Технолошки совршените Hitachi уреди се применуваат секаде каде што постои потреба од производи со врвни перформанси, поволна цена и висока доверливост.

Hitachi ова го постигна со воведување на високи стандарди и критериуми за сите производи и воведе тотален систем на управување со квалитет на производите кој е компјутеризиран во сите фази од избор на репроматеријал до испорака на производот.

Производната програма наHitachi содржи:

Опрема за климатизација VRF системи

Set Free (двоцевен и троцевен систем)

Новиот мулти VRF систем од серијатаSET FREE со 35 модели и 7 различни типови:

RPI – каналски модели

RCI – касетни модели со четиринасочно издувување

RCD – касетни модели со двосмерно издувување

RPK – ѕидни модели

RPF – подни модели

RPFI – подни модели без маска

RPF – подни модели со маска

RPC –подплафонски модели

 

Предности наVRF системот:

Работи на многу ниски температури

Систем со автоматско адресирање

Флексибилност во проектирањето со зголемена висинска и должинска мерка меѓу внатрешните и надворешните единици

Мала висина за плафонски единици

Заштеда на разладен флуид со вградување на електронски експанзионен вентил

Нов систем на пренос на информации

Систем за контрола преку CS netмрежа, односно компјутерско пратење на работата на целиот систем.

 


Систем на клима уреди со променлив разладен флуид тип VRF Hitachi

SET-FREE HITACHI

Hitachi со задоволство ја претставува новата серија SEТ-FREE FSG/FS3, која е развиена за да ги задоволи не само технолошките барања на новиот милениум, туку и еколошките барања на денешницата.

Hitachiе далеку отиден во развојот на клима системите кои користат нови ладилни средства кои не предизвикуваат оштетување на озонот. Брзиот развој на технологијата во областа на климатизацијата и овозможи на Hitachi да го направи првиот компресор од тип “scroll” како и високиот степен на искористување на ладилниот циклус кој е базиран на измена на топлина со висок степен на корисност.

Hitachiја направи новата серија SET-FREE FSVNE/FSNM/FSN1E/FSN2E/FXNE/FSXNза да ги задоволува барањата на пазарот во областа на климатизацијата таканаречен паметни згради. Серијата FSXNкако ладилно средство користи фреон R410A/R407C, фреон кој не го оштетува озонот.

 Нова надворешна единица (серија FSXNсо фреон R410A) со гама од 35 модели и 7 типови и современи системи за контрола дава извонредна пријатност во климатизираните простории без оглед на строгите барања.

Новата технологија овозможува примена на фреон кој не е штетен за озонот R410Aво серијата FSXN.

Со цел за подобра заштита на животната средина, определувањето на Hitachi за истражување и развој овозможи настанување на цела низа на технолошки унапредувања.

НАЈТИВКИ ВО ИНДУСТРИЈАТА

Нови типови на вентилатори и вентилатори со зголемени димензии се користат во оваа серија. Контролата на бројот на вртежи е модифицирана (PWM контрола). Посебно внимание е посветено на ноќниот режим на работа.

Не само внатрешните единици туку и топлинските изменувачи се усовршени. Систем за централно управување преку компјутер –CS-NETWEB, овозможува контрола на целиот систем . Корисникот може да ги подеси температурата и влажноста на воздухот спрема своите потреби за да ги подобри условите за престој во просторијата.

ВНАТРЕШНИ ЕДИНИЦИ

Широк избор помегу 7 типови и 35 модели

Овозможен е избор помеѓу 7 типови и вкупно 35 модели на внатрешни единици. Со комбинација на различни модели на внатрешни единици, унапредена контрола и мрежниот систем овозможува добивање на софистицирана и комфорна климатизирана средина.

RPI – каналски модели

RCI– касетни модели со четиринасочно издувување

RCD– касетни модели со двосмерно издувување

RPK– ѕидни модели

RPF– подни модели

RPFI– подни модели без маска

RPF– подни модели со маска

RPC–подплафонски модели

Set Free VRF Systems Catalogue - 2013