Aerogrammi, е формирана во 1989 година во Солун, Грција.
Денес во приватна сопственост, оваа компанија се наоѓа на производен простор од 3000m2,
за производство на решетки и делови за климатизација.
Aerogrammi, дизајнира и произведува сопствени производи (решетки, дифузери, дампери и споен материјал за канали) притоа работејќи според ISO9001-2000 стандардот за квалитет.
Aerogrammi, користи галванизиран алуминиум и железо за најдобра изведба и подобра оперативност, електростатички обоени во RAL бои по желба на клиентите.
Програмата на Aerogrammi изобилува со широк спектар на производи како:
- ѕидни решетки со подвижни ламели:
- едноредни решетки: T1H, T1HD
- дворедни решетки: T2H, T2HD
- плафонски решетки
- фиксни ламели 01-04
- фиксни ламели со регулатор 01D-04D
- заоблени ламели 01K-04K
- заоблени ламели со регулатор 01KD-04KD
- слот решетки, модел: S, SL
- перфорирани решетки: P
- украсни решетки: GR-AR, GR-AA, GR-RR, GR-YB, 04-E, 04-P, 04-A
- цилиндрични решетки: CRR, MLD
- решетки за кружни канали: SR
- подни решетки: BT
- прострујни решетки: EX
- самопаѓачки реешетки: B, DB, PER
- решетки за fen coil уреди
- филтри: FL, FA
- пленуми за решетки: PPB
- регулатори-дампери: D, DA, DAF
- воздушни вентили: 100, 125, 150-OT, F, VMEC (DEC Netherland)
- млазници: AMB-KO, AMB-KL, AMB-AP, AMB-AP-SR
- противпожарни клапни: SCHAKO
Решетки
Ѕидни решетки со подвижни ламели изработени од алуминиум во еден или два реда со можност за подесување на истите да внесуваат или изнесуваат воздух.
- едноредни решетки: T1H, T1HD

- дворедни решетки: Т2H, Т2HD

Плафонски решетки

О1-О4, квадратни или правоаголни од алуминиум со неподвижни ламели. Дистрибуцијата на воздух се врши во 1,2,3 или 4 насоки.

О1D-О4D, фиксни ламели со регулатор

О1K-О4K, плафонски решетки со заоблени алуминиумски ламели кои независно се регулираат.

О1KD-О4KD, плафонски решетки со заоблени алуминиумски ламели со регулатор
S, SL, линијски решетки од типот слот. Регулацијата на протокот на воздух се врши преку внатрешни цилиндрични ламели (S) или ламела која се наоѓа на секоја страна на прорезот (SL). Снопот од воздух може да биде вертикален или хоризонтален (ладење/греење).

P, перфорирани решетки со можност за вградување на светилки а воедно се користат и за други специјални намени.
GR-AR, GR-АА, GR-RR, GR-YB, 04-Е, 04-P, 04-А, украсни решетки, овозможуваат циклонско струење на воздухот во повеќе насоки за плафони и спуштени плафони, висина до 6м. Воздухот се насочува хоризонтално или вертикално без промена на притисокот и нивото на бучност. Ламелите се движат независно една од друга со што се регулира правецот на струење на воздух. Кај кружните пресеци (Р) постои можност за движење на ламелите со помош на серво мотор. Во зависност од потребите на просторот, се изработуваат од галванизиран лим во кружен, квадратен и правоаголен облик со распоред на ламелите во истите форми. Се користат за вентилација, греење и ладење. Може да се фарбаат со електростатички бои во повеќе нијанси.

SRR, цилиндрични решетки,
дел се од кружниот канал со
процепи и подвижни ламели
кои го регулираат протокот
на воздух.
Се користат за ладење и
греење.
MLD, циклонски решетки со кружно-попречен пресек за внесување на воздух. Можност за подесување на ламелите рачно или со помош на електромотор. Се употребуваат за големи висини и голем проток на воздух.
RF, кружни плафонски решетки, имаат неподвижни кружни ламели и се поставуваат на плафонот и во спуштен плафон. Се користат за вентилација, греење и ладење под услов да се поставени блиску една до друга. Кружната форма им овозможува рамномерна дистрибуција на воздух во сите насоки. Исто така овозможува голема брзина на струење на воздухот и ниско ниво на бучност.
Подни решетки

BT, подни решетки, се изработуваат од поцврст алуминиумски профил. Правецот на струење на воздухот е под агол од 90°.
Прострујни решетки

EX, прострујна решетка, овозможува пренос на воздух меѓу две простории кои не се поврзани. Овие решетки имаат мал отпор при протокот на воздух.
Противдождовни решетки

BN, се изработуваат од елоксиран алуминиум и се користат за внесување и изнесување на воздух од просторија. Обезбедуваат заштита од дожд и инсекти. Ламелите се неподвижни и под агол од 45°.
BN-Е-FA/Е12-Е-FA, решетки за ревизија со филтер, се изработуваат во два вида: должни (Е) и противдождовни (BN). Овозможуваат лесно отстранување и повторно ставање на филтерот без симнување на решетката.с
Самопаѓачки решетки
B, BD, PER, се поставуваат на ѕиди се изработуваат од елоксиран алуминиум. Дамперот (DB) се поставува во правоаголен канал и изработен е во галванизиран челичен лим со ламели од алуминиум.
Решетки за fen-coil уреди
Решетките за fen-coil уреди со контролни отвори имаат еден или два контролни отвора и се произведуваат во следниве типови:
1. со два реда подвижни ламели T2H

2. со еден ред подвижни ламели Т1H

3. со еден ред неподвижни ламели TEH

4. линиски решетки, лесен тип Е12/Е17
Филтери
FL, FA, филтерите за маст и воздух се изработуваат од алуминиумска жица. Филтерите за воздух се изработени од синтетички материјали иги штитит клима уредите од штетните честички од воздухот.
Пленуми за решетки
PPB, офарбано во црна боја за да не се гледа преку решетката. Влезот на воздух е од горе.
Регулатори-дампери:
D, DA, DAF, дампери за регулација на проток на воздух преку правоаголни (DA) или кружни канали (DAF). Се придвижуваат рачно или со помош на електромотор. Рамката за дампери (DA) е изработена од галванизиран челичен лим со аеродинамични ламели изработени од алуминиум и се движат преку пластични запчаници.
Воздушни (аеровентили) вентили: Ø 100, Ø125, Ø150-ОТ, F, VMEC (DEC Netherland), се изработуваат од метал или PVC и имаат можност за регулирање на протокот на воздухот по пат на вртење на централниот диск..
Млазници
AMB-КО, AMB-KL, AMB-AP, AMB-AP-SR, пластична млазница со голем домет и со подвижна пластична глава. Се вградува посебно или групно во алуминиумска рамка за правоаголен канал или за кружен канал.
Противпожарни клапни: SCHAKO