За компанијата

ТЕХНОКЛИМА Скопје, е една од фирмите која неуморно ги следи крупните чекори што ги прави современието во областа на климатизацијата и вентилацијата, притоа претставувајќи ги и применувајќи ги трендовите на европските и светските фирми кои секојдневно го освојуваат пазарот.

Со имплементирањето на нивните производи во објекти кои ги проектира или изведува, Техноклима може успешно да одговори на сè посложените барања од страна на инвеститорите.

Фирмата својот брз развој го постигна со помош на примена на последните технологии на производителите:

Hitachi, Japan - системи за VRF (Variable Refrigerate Flow) кои на системите за климатизација им овозможуваат:

  • континуирана регулација на број на вртежи во зависност од топлинско оптоварување на просторот
  • систем на автоматска дијагноза на грешка и пратење на работа на надворешна единица
  • можност за промена на номинален капацитет на внатрешни единици
  • систем на целосна контрола со помош на компјутерски систем кој работи во 'Microsoft Windows' оперативен систем

S&P - корпорација од 7 фабрики ширум Европа за производство на опрема за вентилација (Англија, Франција, Германија, Белгија, Холандија, Италија и Португалија)

Unionaire, Egypt - опрема за централна климатизација

Rheem, USA - опрема за централна климатизација

Aerogrammi, Greece - елементи за дистрибуција на воздух

Air Connection, DEC, Holland - флексибилни црева за дистрибуција на воздух

Повеќегодишното постоење на Техноклима денес резултира во фирма со зголемен број вработени и објекти од различен карактер како ресторани, хотели, дискотеки, кафетерии, индустриски објекти и резиденцијални објекти кои се од големо значање за истата.

Препознатливи сме по користењето на рекуператори во системите за вентилација кои прават 50% заштеда на енергија со користење на отпаден воздух со предгревање на влезниот воздух во зимски и летен режим.

Техноклима Скопје и тимот од висококвалификувани стручни лица, Ви излегува во пресрет со најразновидни современи решенија за Ваште потреби.

Благодарение на постојаната посета на меѓународни саеми и семинари од сферата на клматизација и вентилација допринесуваат за зголемувањето на веќепостоечкиот европски акцент во работењето на фирмата.

Наши вредности:

  • ИЗВЕДБА

Нашата изведба е витална рефлексија на тоа кои сме ние и сведоштво за нашата способност да ја поседуваме довербата на нашите клиенти.

  • ИНОВАЦИИ

Компанија со идеи, посветена на применување на иновативни истражувања и развој на технологии кои позитивно влијаат на животната средина и животниот комфор.

  • ИНВЕСТИРАМЕ ВО ВРАБОТЕНИТЕ

Нашите вработени се нашиот најголем приоритет. Bеруваме во градењето на културата на инспирација и взаемна почит, каде што личниот и професионалниот развој се поттикнуваат.

  • ГРИЖА ЗА КОРИСНИЦИТЕ

Приоритет број 1 е обезбедување на оптимален сервис за нашите клиенти. Се стремиме кон градење на лојална и силна база на клиенти која секојдневно се зголемува.

  • БИЗНИС ОСТВАРУВАЊЕ

Го одржуваме балансот меѓу конфорот што го креираме денес и светот во кој треба да живееме утре.

  • КВАЛИТЕТ

Беспрекорниот квалитет е нашата бизнис карта.

Креативноста и патот кои ја обликуваа нашата историја, продолжуваат да ја обликуваат и нашата иднина!

Можете да сметате на нас- разликата е во квалитетот!