Флексибилни канали
DEC (Dutch Environment Corporation), е формирана во 1981 година со цел да произведува и дистрибуира флексибилни црева во Enschede, Холандија. Во текот на годините што изминуваа, DEC стана едeн од најголемите светски производители на флексибилни црева и глобално се препознава по својот извонреден квалитет, машинско инженерство и навремен сервис.
DEC, од 1994 година работи според ISO 9001 стандардот за квалитет.
Производната линија на DEC, вклучува целосен опсег на флексибилни црева и цревни додатоци за системи за климатизација со низок, среден и висок притисок како и за издувни системи, системи за вентилација и греење.
Своите производи DEC ги претставува на пазарот на 55 земји, менаџирани од страна на регионални продажни локации како и лиценцирани партнери како ТЕХНОКЛИМА Скопје.
Севкупната цел на DEC е да обезбеди поквалитетен воздух во просторијата со што ќе се зголеми комфорот и благосостојбата во работниот простор, јавните објекти и резиденцијалните згради.
Стабилниот производен развој на DEC претставува клуч кој ни овозможува да обезбедиме чист и здрав воздух според барањата на средината ширум целиот свет.
Денес, DEC се гордее со својата позиција на светски лидер во производството на флексибилни црева, и воедно е цврсто посветен на одржувањето на ова ниво и за во иднина. - флексибилни црева без изолација од Ø100-Ø610mm TIP Aludec 45 - флексибилни црева со изолација од Ø100-Ø610mm TIP Isodec 45
Како што претходно напоменавме, производната линија на DEC освен производството на флексибилни црева се занимава и со производство цревни додатоци за системи за климатизација со низок, среден и висок притисок како и за издувни системи, системи за вентилација и греење.
- аеровентили пластични DAV 125, 150, 200 - аеровентили метални DVS 080, 100, 125, 150, 200 - метална неповратна клапна BDS 100, 125, 150, 200, 250, 315 - PVC 050 (црна/бела) лента - самолеплива лента за канали DUCT 050 - аеростоп (термобанд) GT4/09NB/12NB/15NB/25NB - перфорирана лента (endless band) - завртки за затегање (closing band) - антивибрациона лента DCV 45х60х45mm
|