|
|
|
Клима уреди HITACHI
Hitachi, од својата богата програма на производи ни нуди клима уреди погодни за домашна употреба и за лесни комерцијални објекти. Константниот развој и истражување на експертскиот тим на Hitachi, денес резултира во можност да понудат модели од 1,6Kw до 8,0Kw, и тоа во верзија само ладење и топлотни пумпи, како и да ја претстави најновата понуда на инвертери во поединечна и мулти изведба. Серијата ALL DC Inverter, ја подига климатизацијата на ново повисоко ниво со што се придонесува во унапредувањето на електрониката како и на ротационите и scroll компресори со високи перформанси. SUMMIT и PAM наградените серии, заедно нудат потполна лепеза на производи за примена во домашни услови како и за комерцијални објекти од полесен карактер. MULTIZONE серијата, е прва во светот ALL DC Inverter серија на мулти-системи, со зонско ладење или греење до четири простории. DC системот преку “fuzzy logic” управување овозможува извонредно осетлива и точна контрола на температурата и има значително ниско ниво на бучност.
Bigflow, класична топлотна пумпа. Овој поединечен сплит-систем нуди ефикасни решенија за една зона по достапна цена. Со моделите кои само ладат или само греат и модели со извонреден дизајн, оваа серија е прилагодена за најразлични намени. Класичните сплит-системи, најчесто се најдобро решение за добивање на одлично работно окружување. Hitachi, нуди широка лепеза на модели во изведна ладење/топлотни пумпи, кои се повеќенаменски благодарение на својата компактност и висок степен на искористеност.
- компактни - со едноставно далечинско управување - програмабилен тајмер - ротационен компресор - филтер за прочистување и освежување на воздухот
Summit (all DC inverter), со разладен и греен капацитет до 4,5Kw, серијата SUMMIT со ALL DC Inverter технологија, нуди и усовршени ротациони компресори. Достапни во ѕидна варијанта, бесшумни и ефикасни уреди погодни за поголем број на различни намени. Сплит систем клима уредите од оваа серија се карактеризираат со висок капацитет до 11950 btu/h, при режим на греење и компресор Scroll ALL DC Inverter.
- All DC Inverter за линиска контрола на компресор - Scroll компресор со висок квалитет - современ дизајн на внатрешната единица - електрично напојување на внтрешната единица DC 35V - загревање на просторијата на надворешна температура до -10С. - тајмер со можност за програмирање до 24h - CE и Eurovent сертификати
MonoZONE/MultiZone, на веќепостоечката серија MultiZONE која овозможува поврзување на една надворешна со четири внатрешни единици додадена е и серијата MonoZONE со која се климатизира само еден простор. Со комбинирањето на внтарешните и надворешните единици од овие серии можно е да се климатизираат до една до четири простории. Аналогно со бројот на просториите можно е да се поврзе која било надворешна единица со различни типови на внатрешни единици.Во двата система е вграден и електронски систем за контрола PAM (Power Active Module) кој овозможува поголем учинок на уредите како и заштеда на електична енергија. ALL DC PAM Inverter, системи кои ги придвижува инвертер се значително поефикасни од системите со константен број на обртаи. Компресорот со променлив број на обртаи побрзо се придвижува и за краток временски период ја постигнува саканата температура. При намалување на брзината на обртаите може да постигне заштеда на електрична енергија и до 30% а прито да нема губиток на претходно постигнатото ниво на пријатност во воздухот.
- висок учинок на загревање при температура од -15С - авто рестарт - промен на режимот на работа - едноставна инсталација на уредите - лесно сервисирање на уредите
Utopia G8, компанијата Hitachi врз основа на истражувањата кои постојано ги врши развива нова генерација на климатизери Utopia G8, која се издвојува со извонредни технолошки достигнувања кои овозможуваат нивна широка примена, заштеда на електрична енергија а воедно придонесуваат во заштитата на животната средина. Оваа серија располага со внатрешни единици со јачина од 2,0HP до 10HP, што овозможува климатизирање на стамбени, деловни и простори за индустриска намена. Уредите се изработени со scroll компресори и содржат еколошки фреон R407. Со употребата на H-link системот за поврзување, постои можност за поврзување на 16 надворешни единици со 128 внатрешни единици само со помош на 2 кабли. Се издвојуваат по ниското ниво на бучност.
Utopia DC inverter, уредите од оваа серија се познати по ниското ниво на бучност, најмали можни димензии и по високиот учинок што ги одвојува од производите слични на нив, произведени од други производители. Потрошувачката на електрична енергија е значително намалена со што се зачувува животната средина. Новата серија Utopia DC Inverter, претставува најдобар пример за константното настојување на компанијата секогаш да произведува што подобри и поефикасни производи. Во оваа серија Hitachi успеа да ја поврзе PAM технологијата, компресорот на еднонасочна и вентилаторот на наизменична струја. Обликот на крилцата кај новиот изменувач на топлина на надворешната единица овозможува подобар проток на воздух, намалување на отпорот и нивото на бучност а воедно има иста ефикасност при помал број на обртаи. Системот за самодијагноза дозволува контрола на условите на работење на внатрешната и надворешната единица, температура на испарување, кондензација и слично.
Hitachi CS Net, систем за контрола за сериите SET Free и Utopia, со помош на компјутер и оперативен Microsoft Windows систем. Наменет е за контрола на работата на максисмум 16 надворешни и 128 внатрешни единици. На овој начин, овозможено е лесно контролирање на параметрите на работење како што се температура, режим на работа, брзина на вентилаторот и слично.
Samurai серијата претставува голем напредок во технологијата на изработка на чилери и топлотни пумпи. Уредите од оваа серија имаат вградени најнови scroll компресори Hitachi и фабрички се полнети со фреон R407C. Континуирана контрола на капацитетот се врши преку микрокомпјутер. Полухерметичкиот scroll компресор е директно поврзан со електромоторот со што се намалува потребата од пренос на системот кој има големи барања при процесот на одржување. Моментално оваа серија располага со 17 модели на чилери со мокност од 40-400НР и 6 модели на топлотни пумпи со мокност од 40-120НР. Зголемувањето на мокноста ја постигнува со додавање на компресор и со вградување на економајзер. Уредите од системот Samurai, располагаат и со систем за автодијагноза кој се спроведува со помош на индикатор на екранот изработен од течен кристал. Целата серија се произведува и тестира во фабриката во Барселона која е високо-технолошки опремена, со цел да се оставри успешно производство како и контрола и тестирање на перформансите на чилерот.
|
|
|