ТЕХНОКЛИМА Скопје, своето постоење го бележи во 2000-тата година, како една од првите фирми кои сериозно и амбициозно го освојуваат пазарот со уреди и системи од областа на централната климатизација и вентилација.

Почетоците, скромни и сигурни, не случајно беа забележани од задоволните корисници на уредите и услугите, притоа трасирајќи го патот на квалитетот, навремените изведби и брзите сервисни интервенции.

Континуирано и систематски ги следи крупните чекори што ги прави современието во областа на климатизацијата и вентилацијата, притоа претставувајќи ги и применувајќи ги трендовите на европските и светските фирми кои секојдневно го освојуваат пазарот.

Со имплементирањето на нивните производи во објекти кои ги проектира и изведува, Техноклима може успешно да одговори на се посложените барања од страна на инвеститорите.

Фирмата својот брз развој го постигна со примената на последните технологии на следниве производители:

 
Hitachi, Јапонија - системи за VRF (variable refrigerant flow) кои на системите за климатизација им овозможуваат:

  • континуирана регулација на број на вртежи во зависност од топлинско оптоварување на просторот
  • систем на автоматска дијагноза на грешка и пратење на работа на надворешна единица
  • можност за промена на номинален капацитет на внатрешни единици
  • систем на целосна контрола со помош на компјутерски систем кој работи во Microsoft Windows оперативен систем

  S&P - корпорација од 7 фабрики ширум Европа за производство на опрема за вентилација (Англија, Франција, Германија, Белгија, Холандија, Италија и Португалија)

  UNIONAIRE, Египет - опрема за централна климатизација

  RheemСАД - опрема за централна климатизација

  Aerogrammi, Грција - елементи за дистрибуција на воздух

  Air Connection, DEC, Холандија - флексибилни црева за дистрибуција на воздух

Повеќегодишното постоење на Техноклима, денес резултира во фирма со зголемен број вработени и објекти од различен карактер како ресторани, хотели, дискотеки, кафетерии, индустриски објекти и резиденцијални објекти кои се од големо значање за истата.

Препознатливи сме по користењето на рекуператори во системите за вентилација кои прават 50% заштеда на енергија со користење на отпаден воздух со предгревање на влезниот воздух во зимски и летен режим.

Техноклима Скопје и тимот од висококвалификувани стручни лица, Ви излегува во пресрет со најразновидни современи решенија за Вашите потреби.

Проектантско биро со четворица машински инженери позади кои сигурно се гледа искуството и објектите во кои имаат директно учество, комерцијален и маркетинг сектор со искусни и веќе докажани двајца комерцијалисти, сектор за финансии кој на дефанзивен начин ја води финансовата политика на фирмата.

Двете екипи, задолжени за сервис и одржување кои неуморно и секојдневно ги посетуваат објектите, се разликуваат според спецификата во работењето (климатизација и вентилација).

Оперативата на Техноклима е клетка која неуморно ги пробива ѕидовите поставени како предизвик и на свој препознатлив професионален начин ги извршува сите монтажи.

Од Министерството за заштита на животната средина добивме комплетна апаратура за рецирклажа на фреон со чија помош веќе постоечкиот фреон го вадиме од климата и повторно го користиме во друг клима уред, и сето тоа со цел да се заштити озонската обвивка..

Постојаната посета на меѓународните саеми и семинари од сферата на климатизација и вентилација придонесуваат за зголемувањето на веќе постоечкиот европски акцент во работењето на фирмата.

Средината што Ве опкружува, Ви ја правиме почиста и посвежа!

Наши вредности:

  • ИЗВЕДБА

Нашата изведба е витална рефлексија на тоа кои сме ние и сведоштво за нашата способност да ја поседуваме довербата на нашите клиенти.

  • ИНОВАЦИИ

Компанија со идеи, посветена на применување на иновативни истражувања и развој на технологии кои позитивно влијаат на животната средина и животниот комфор.

  • ИНВЕСТИРАМЕ ВО ВРАБОТЕНИТЕ

Нашите вработени се нашиот најголем приоритет.Веруваме во градењето на културата на инспирација и взаемна почит, каде што личниот и професионалниот развој се поттикнуваат.

  • ГРИЖА ЗА КОРИСНИЦИТЕ

Приоритет број 1 е обезбедување на оптимален сервис за нашите клиенти. Се стремиме кон градење на лојална и силна база на клиенти која секојдневно се зголемува.

  • БИЗНИС ОСТВАРУВАЊЕ

Го одржуваме балансот меѓу конфорот што го креираме денес и светот во кој треба да живееме утре.

  • КВАЛИТЕТ

Беспрекорниот квалитет е нашата бизнис карта.

Креативноста и патот кои ја обликуваа нашата историја, продолжуваат да ја обликуваат и нашата иднина!

Можете да сметате на нас - разликата е во квалитетот!