Климатизација SET FREE
Hitachi со задоволство ја претставува новата серија SEТ-FREE FSG/FS3, која е развиена за да ги задоволи не само технолошките барања на новиот милениум, туку и еколошките барања на денешницата.
Hitachi е далеку отиден во развојот на клима системите кои користат нови ладилни средства кои не предизвикуваат оштетување на озонот. Брзиот развој на технологијата во областа на климатизацијата и овозможи на Hitachi да го направи првиот компресор од тип “scroll” како и високиот степен на искористување на ладилниот циклус кој е базиран на измена на топлина со висок степен на корисност.
Hitachi ја направи новата серија SET-FREE FSG/FS3 за да ги задоволува барањата на пазарот во областа на климатизацијата таканаречен паметни згради. Серијата FSG како ладилно средство користи фреон R407C, фреон кој не го оштетува озонот.
Нова надворешна единица (серија FSG со фреон R407C) со гама од 35 модели и 7 типови и современи системи за контрола дава извонредна пријатност во климатизираните простории без оглед на строгите барања.
Новата технологија LEED овозможува примена на фреон кој не е штетен за озонот R407C во серијата FSG, која поставува стандарди, но сеуште е можна примена на фреонот R22 во серијата FSG.
Со цел за подобра заштита на животната средина, определувањето на Hitachi за истражување и развој овозможи настанување на цела низа на технолошки унапредувања.
НАЈТИВКИ ВО ИНДУСТРИЈАТА
Нови типови на вентилатори и вентилатори со зголемени димензии се користат во оваа серија. Контролата на бројот на вртежи е модифицирана (PWM контрола). Ова унапредување допринесе за потивка работа [58dB(A) за FSG/FS3]. Посебно внимание е посветено на ноќниот режим на работа. Ако надворешната температура не надмине 30 оС, за време на режимот на ладење, овој модел може да работи во ноќен режим на работа и при пониско ниво на буќава од 58 dB (A) за 10FSG/FS3.
Не само внатрешните единици туку и топлинските изменувачи се усовршени. Систем за централно управување преку компјутер - CS NET, овозможува контрола на целиот систем . Корисникот може да ги подеси температурата и влажноста на воздухот спрема своите потреби за да ги подобри условите за престој во просторијата.
ВНАТРЕШНИ ЕДИНИЦИ
Широк избор помегу 7 типови и 35 модели
Овозможен е избор помеѓу 7 типови и вкупно 35 модели на внатрешни единици. Со комбинација на различни модели на внатрешни единици, унапредена контрола и мрежниот систем овозможува добивање на софистицирана и комфорна климатизирана средина.
-RCP: Подплафонски тип
Тивка работа, лесна монтажа и заштеда во просторот поради мали висини на уредот.
-RPK: Ѕиден тип
Тивка работа и дизајн кој се вклопува во секој простор.
-RPF: Поден тип
Тесно дизајнирани за ограничен простор.
-RPFI: Поден тип без маска
Компактен дизајн за вградување во ѕид.
-RPI: Каналски тип
Мала висина за сместување во ограничена средина во просторот над плафонот.
-RCI: Касетен тип со 4-смерно издувување
Тивка работа и елегантен дизајн кој одговара на секој ентериер.
-RCD: Касетен тип со 2-смерно издувување.
Тивка работа со сосема нов дизајн.
УПРАВУВАЊЕ
Широк дофат на делечинскиот управувач
Далечински управувач PC-2H2
Овозможува голем број на функции и има голем дисплеј од течни кристали. Има можност за самодијагноза и тајмер за подесување на 0,5 h.
Далечински управувач PC-5H (со кабел)
Многу мали димензии, опција вклучено/исклучено, подесување на саканата температура и брзина на вентилаторот само со едноставно притискање на копче.
*Бидејќи, режимот ладење или греење се бира автоматски, овој далечински управувач се користи заедно со кабелски управувач (PC-2H2 или PSC 3S1) или CS-NET системот за промена на режимот на работа греење/ладење.
Далечински управувач PC-LH3
Овозможува контрола на клима единицата, лесно и едноставно во сите режими на работа.
Централна станица PC-3S1
Овој тајмер овозможува контрола на работата на долг временски период.
CS-NET V.5
Подобрен систем за централно управување преку компјутер може да контролира до 16 надворешни и 192 внатрешни единици по interface. Исто така овозможува non-stop (24h) директна комуникација преку модем со фирмата која е задолжена за сервисот. На еден компјутер може да се приклучат и до 8 interface-а. Значи можно е вкупно да се контролираат 1536 внатрешни единици.
Серија со редица предности базирана на најсовремени технологии – Hitachi.
-НОВ ТИП SCROLL КОМПРЕСОРИ
Високо притисниот тип Scroll Компресори, со зголемена агилност и компресор направен од квалитетни материјали, се вградува во сите модели на оваа серија на клима уреди.
-H-LINK СИСТЕМ
Новиот H-LINK систем на поврзување побарува само 2 ел.кабели за поврзување на надворешнииите единици и максимални 16 внатрешни единици како и нивмо меѓусебно поврзување.
-UNI-PIPING СИСТЕМ
Едноставниот систем од Hitachi за поврзување на уредите овозможува брза и едноставна монтажа. Поврзувањето на уредите може да се врши со истиот пречник со цевоводот со што се избегнува комплицираниот избор на цевовод и се врши значајно поедноставување на неговото поставување.
-НОВ СИСТЕМ ЗА ЕЛЕКТРИЧНО ПОВРЗУВАЊЕ
За поврзување на надворешните и внатрешните единици се користи двожичен кабел кој нема поларитет. Можноста да се помешаат врските 1 и 2 на овој начин е елиминирана.
-ФЛЕКСИБИЛНОСТ ВО ПРОЕКТИРЊЕО
Зголемена висинска разлика
Серијата SET-FREE сега овозможува широк опсег на примена благодарение на зголемената висинска разлика помеѓу надворешните и внатрешните единици. Вертикалното висинско растојание е 50 m (40 m ако надворешната единица е под внатрешната), а вертикалното растојание помеѓу внатрешните единици е 15 m.
Работа и при многу ниски надворешни температури
Возможна е работа и на режим ладење и на надворешни температури и до -15 оС
-ЗГОЛЕМЕНО ВКУПНО РАСТОЈАНИЕ
Максимално вкупно растојание помеѓу надворешните и внатрешните единици може да биде и до 100 m
-СИСТЕМ ЗА ПОДРШКА
*Систем за самодијагноза
Самодијагноза се спроведува со едноставно користење на далечинскиот управувач или на самата надворешна единица, на која на дисплејот се прикажуваат резултатите на постапката.
-ЗАШТЕДА НА ЛАДИЛНА ТЕЧНОСТ
Количеството на ладилно средство е значително намалено во новта FSG/FS3 серија од 13,0 kg на 11,5 kg. Тоа е постигнато со двофазен тек на разладниот флуид во топлинските изменувачи кои имаат помал пречник на цевките и користат електронски експанзионен вентил. Кога е потребно, за серијата SET-FREE FSG/FS3 мала количина на ладилна течност се додава на самото место каде е вградена.
-ТОЛИНСКИ ИЗМЕНУВАЧ СО ВИСОКА ЕФИКАСНОСТ
Развиен е нов тип на топлински изменувач со висока ефикасност и подобро поврзување со цевоводот.
Контрола на процесот.
-Сервис контролер (додатна опрема)
Сервис контролер ги контролира условите на вградување како и работата на системот преку компјутер.
-Систем за препознавање за вградените надворешни единици
Со користење на далечински контролен-прекинувач можно е да се препознае на која серија припаѓаат надворешните единици кои работаат, на пример обичен или multi-split систем.
-Систем за автоматско кодирање
Дава можност за кодирање на секоја внатрешна единица посебно. Единиците може да бидат кодирани и рачно преку ротациони микропрекинувачи.
-Цевни споеви на ладилното средство
Во надворешните единици цевните споеви може лесно да се разделат во три правци, напред, назад и надоле. Кај моделот FSG/FS3 надворешните единици побаруваат 30% помалку простор за вградување одколку кај предходните модели.
Пумпата за кондензат кај сите касетни и каналски модели (единици од 0,8 и 1,5 HP) овозможува одвод на кондензатот на горниот дел од клима единиците, со што се намалува потребната висина на спуштениот плафон.
НАДВОРЕШНИ ЕДИНИЦИ
Компактниот облик и малата тежина сега се се повеќе изразени.
Надворешните единици сега побаруваат 33% помалку простор за монтажа во однос на досегашниот уредување и тежината е за околу 24% помала (за моделот 10FSG/FS3). Лесно се вградуваат и во ограничен простор и доволно се мали да се стават и во лифт заради транспорт.
- Висок степен на искористување
- Спирален компресор од нов тип
- Топлински изменувачи со висок степен на искористување
- Безчуена работа
- Мали димензии и мала тежина
- Заштеда на енергија преку подобрен систем на контрола на работата
- Систем за самодијагноза
- Можност за спојување на голем број внатрешни единици
- Едноставно вградување
CS-NET СИСТЕМ
CS-NET системот е новоразвиен систем за компјутерско управување и контрола, развиен за серијата на Hitachi SET-FREE MULTI SPLIT SISTEM како и за серијата на клима уреди UTOPIA 5.
Овој е развиен за управување на неограничен број надворечни единици. Софтверот работи во подршка од Windows оперативниот систем.
Флексибилност на SEТ-FREE системот овозможува лесен пристап на интерни податоци по пат на далечинска контрола.
Постои можност за 24-часовно поврзување на системот на fax апарат или на компјутерски контролер за сервисерите.